Дубаи чоколадото е совршено за сите љубители на слатки! Со богата комбинација на Кандит или Callebaut чоколадо, кадаиф, путер и крем од ф’стак, ова чоколадо ќе ви пружи уникатно искуство кое ќе ве однесе директно во срцето на арапските вусови. Совршено за секоја пригода

Состојки:

  • 200 гр кандит или Callebaut чоколадо (купете го во Dolce)
  • 100 гр кадаиф
  • 50 гр путер
  • 50 гр ф’стаци крем

Начин на подготовка:

  1. Топење на чоколадото:
    На водена пареа или на ниска температура, стопете го чоколадото додека не стане мазно и течно. Со топеното чоколадо наполнете ги модлите, така што прво ќе ставите слој на дното.
  2. Подготовка на средниот слој:
    Во тавче на умерена температура, растопете го путерот. Додадете го кадаифот и пржете го кратко додека не добие златна боја. Потоа, измешајте кремата од ф’стак со кадаивот и оставете го малку да се олади
  3. Формирање на чоколадото:
    Ставете ја смесата во средината на модлите со чоколадо. Потоа, затворете ги модлите со уште еден слој од стопеното чоколадо.
  4. Ладење:
    Оставете го чоколадото во фрижидер да се стегне најмалку 2 часа пред сервирање.


Виралното Дубаи чоколадо е готово! Оваа богата и кремаста комбинација ќе ги воодушеви вашите сетила и ќе ве однесе на патување во светот на раскошните арапски вкусови. Уживајте!

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни. Целосната политика за приватност прочитајте ја тука.