Состојки:
– 200g бисквити
– 500 мл вода
– 100g раститрлно млеко во прав – набавете го во Dolce
– 200g бело чоколадо „Callebaut“ или „Kandit“ (растопено)
– 2-3 супени лажици шеќер (по вкус)
– 50g кокосово масло (или друго веганско масло)
– 2 супени лажици ванила екстракт
– 2-3 супени лажици пченкарен скроб (за згуснување)
– Прстофат сол
Подготовка:
1. Подготовка на кората: Во плех или округла форма за торта, поставете тенка кора од бисквити по дното, како основа на тортата
2. Подготовка на кремот:
   – Во тенџере на среден оган, загрејте ја водата со шеќерот и прстофат сол.
   – Постепено додавајте го веганското млеко во прав „Lora“, мешајќи постојано за да не се создадат грутки.
   – Додадете го пченкарниот скроб и продолжи со мешање додека смесата не се згусне.
3. Растопрте го белото чоколадо:
   – Во сад на пареа или во микробранова, растопете го белото чоколадо „Callebaut“ или „Kandit“ заедно со кокосовото масло.
   – Кога чоколадото е целосно растопено и мазно, додадете го во кремот од веганско млеко и добро измешај.
4. Составување на тортата:
   – Истурете го подготвениот крем врз бисквитот
   – Израмнете го кремот и оставете ја тортата да се излади на собна температура, а потоа префрлете ја во фрижидер најмалку 3-4 часа (најдобро преку ноќ) за да се стегне.
5. Декорација: Можете да додадете уште малку рендано бело чоколадо или парчиња од бисквитите на врвот за декорација.


Сервирање:
Откако ќе се стегне, исечете ја тортата на парчиња и уживајте во совршената комбинација на богатиот крем со бело чоколадо!


Наздравје,
Ваш Dolce!

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни. Целосната политика за приватност прочитајте ја тука.