За нас

DOLCE – постои веќе 8 години и ја олеснува Вашата замисла за правење слатки декорации со помош на целокупниот асортиман кој што Ви го нуди.

Се започна како идеја во 2017г дека и кај нас треба да постои специјализирана продавница за декорации во слаткарството како и секаде во светот. Со понудата на производите ќе може секој без разлика дали веќе работи во изработка на торти и колачи или пак нема такво искуство но има желба нешто сам да создаде да го резализира тоа на најлесен можен начин.

Нашиот асортиман ги опфаќа сите фази во украсувањето на слатките, како сировините и алатките така и готовите декорации кои се спремни за употреба.
Покрај асортиманот што го имаме секогаш сме спремни и да ве услужиме и да помогнеме со совет за да можете да ги совладате сите техники во изработка на слатката декорација.

Во наредниот период ќе одиме чекор понатаму со организација на стручна едукација преку најразлични обуки како и развој на blog-от dolceslatkologija преку кој се трудиме да пренесуваме се што е акуелно и ново во светот на слаткарството како и помош и совети за полесно работење.

Со Вашата подршка и понатаму како и досега ќе раснеме и ќе се развиваме за подобрување во светот на декорациите.

Наша локација

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни. Целосната политика за приватност прочитајте ја тука.