Состојки:

За бисквитниот слој:

• 400 г дигестив бисквити (или други по желба)

• 160 г стопен путер

За чизкејк кремот:

• 600 г крем сирење (на собна температура)

• 400 мл слатка павлака (за матење)

• 200 г шеќер во прав

• 2 лажички ванила

• 2 лажици лимонов сок

Бои за слоевите:

• Виолетова боја за храна

• Жолта боја за храна

• Розова боја за храна

За украсување:

• Изматена слатка павлака

• Шарени трошки (sprinkles)

Начин на подготовка:

• Бисквитен слој:
Измелете ги бисквитите и измешај ги со стопениот путер. Смесата треба да биде како влажен песок. Оставете ја настрана.

• Чизкејк крем:
Во голем сад, изматетр го крем сирењето со шеќерот во прав додека не стане мазно. Додадете лимонов сок и ванила. Во друг сад, изматете ја слатката павлака додека не стане цврста па внимателно со шпатула соединете ја со крем сирењето.

• Поделете и обоји:
Поделетр ја смесата на три еднакви делови. Во едниот додадете виолетова боја, во другиот жолта, а во третиот розова. Измешајте внимателно.

• Составување на чашите:

• На дното од секоја чаша ставетр неколку лажици од виолетовиот крем.

• Додадете тенок слој бисквити.

• Потоа жолтиот крем.

• Повторно тенок слој бисквити.

• Потоа розовиот крем.

• Завршете со изматена слатка павлака и декорирајте со шарени посипи.

• Оставете да се стегне:
Ставете ги чашите во фрижидер најмалку 4 часа, а најдобро преку ноќ.

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни. Целосната политика за приватност прочитајте ја тука.