Ние сме Dolce Слаткологија и обожуваме се врзано со слатките нешта, но денес решивме да додадеме малку кисело во нашите рецепти!
Затоа ви ја споделуваме оваа популарна рецепта за кисело тесто (sourdough starter).

Следете го методот подолу и ќе добиете одличен стартер кој ќе биде основа за многу вкусни рецепти.

Рецепт:

Потребни состојки:

  • 60 г брашно
  • 60 г вода (по можност филтрирана или изворска, на собна температура)

Начин на подготовка:

  1. Во чиста тегла измешајте ги брашното и водата додека не добиете мазна смеса.
  2. Покријте ја теглата лабаво со крпа или капаче (но не затварајте херметички) и оставете ја на топло место (околу 21–24°C).
  3. По 24 часа, отстранете половина од смесата и додајте 60 г брашно и 60 г вода. Измешајте убаво.
  4. Повторувајте го процесот на хранење секој ден, по можност во исто време, вкупно 5-7 дена.

Знаци дека вашиот стартер е спремен:

  • Има пријатен, киселкав мирис
  • Расте и прави меурчиња
  • Реагира брзо по секое хранење

Останете со нас – наскоро ќе објавиме рецепт за вкусно кисело тесто со овој стартер!


ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни. Целосната политика за приватност прочитајте ја тука.