Состојки за тестото:

  • 4 јајца
  • 200 г кафеав шеќер
  • 150 г бел шеќер
  • 250 мл масло (сончогледово или кокосово)
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 300 г брашно
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 2 лажички цимет
  • Прстофат сол
  • 300 г рендани моркови
  • 100 г сечкани ореви (по желба)
  • 100 г суво грозје или сечкани урми (по желба)

Состојки за кремот:

  • 250 г крем сирење (на собна температура)
  • 125 г путер (омекнат)
  • 150-200 г шеќер во прав (по вкус)
  • 1 лажичка ванила

Подготовка:

1. Подготовка на тестото:

  1. Загрејте ја рерната на 175°C и обложете три или четири калапи (20 cm) со хартија за печење.
  2. Во голем сад изматете ги јајцата со двата вида шеќер додека не станат пенести.
  3. Додадете го маслото и ванилата, па продолжете со матење.
  4. Во друг сад, измешај ги сувите состојки: брашно, прашок за печиво, сода бикарбона, цимет и сол.
  5. Постепено додавај ги сувите состојки во течната смеса, мешајќи внимателно.
  6. Додај ги ренданите моркови, оревите и сувото овошје. Промешај со шпатула.
  7. Истури ја смесата рамномерно во калапите и печи 25-30 минути или додека чепкалка излезе сува.
  8. Остави да се изладат целосно пред филување.

2. Подготовка на кремот:

  1. Изматете го путерот со шеќерот во прав до кремаста текстура.
  2. Додадете го крем сирењето и ванилата, и матете додека не се соедини убаво и стане мазен крем.

3. Склопување на тортата:

  1. Ставете еден слој од тортата на чинија и премачкај со крем.
  2. Повторетр со сите слоеви.
  3. Премачкајте ја целата торта однадвор и украсете со мали морковчиња направени од обојен крем.

Совет: Оставете ја тортата во фрижидер барем 1 час пред сервирање за подобра структура и вкус.

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни. Целосната политика за приватност прочитајте ја тука.