Состојки:

400 гр брашно тип 400

1/2 лажичка прашок за пециво

1/4 лажичка сол

250 гр путер

180 гр шеќер

1 лажичка Decora екстракт од ванила

1 јајце

Насоки:

Путерот оставете го некое време на собна температура.
Матете со миксер до средна брзина, минимум 5 минути или додека путерот не стане мек и бел.

Додадете го шеќерот, солта и јајце. Мешајте додека смесата не се соедини.

Додајте го брашното постепено и соединете ги состојките со миксер.

Месете го тестото со рака додека не добиете хомогена смеса.

Ставете го спремното тесто во фрижидер минимум еден час.

Наросете чиста површина со малку брашно и сукајте го тестото со дебелина од половина сантиметар.

Исечете со калапи по ваш избор, кои што можете да ги најдете во огромен број во Dolce и печете на 175° од 12 до 15 минути.

Наздравје,

Ваш Dolce.

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни. Целосната политика за приватност прочитајте ја тука.