
Состојки:
200 грама шлаг крем
200 грама чоколадо за готвење
1 лажица желатин
3 лажички шеќер во прав
1/2 лажичка инстант кафе
1 лажичка Decora ванила арома
20 гр масло
Насоки:
Растопете го чоколадото и додајте го желатинот, инстант кафето, аромата од ванила, масло.
Оставете го на страна да се олади.
Матете го шлаг кремот и штом постигнете цврстина додајте го шеќерот во прав.
Штом чоколадото е оладено, како би избегнале да се стопи матениот шлаг, постепено додавајте ја подготвената чоколадна оладена смеса во шлагот.
Сервирајте во чаши и оставете го мусот во фрижидер да се стегне минимум 2 часа.
Декорирајте со рендано чоколадо и шлаг.
Наздравје!
Ваш, Dolce!
