

Чоколадни Срца
Состојки
Брауни:
• 230г несолена путер, студено
• 2 1/4 чаша (450г) бел шеќер
• 1 1/4 чаша (110г) какао
• 1 лажичка сол
• 1 лажичка прашок за пециво
• 1 лажица ванила екстракт
• 4 големи јајца
• 1 1/2 чаша (180г) брашно
• 2 чаши (340г) чоколадни капки
• 1 лажичка еспресо (по желба)
Ганаж за прелив:
• 2/3 чаша (110г) чоколада
• 6 лажици (85г) слатка павлака
• 1/2 лажичка пченкарен сируп (набавете го во Dolce)
Ганаж за покривање:
• 1 1/3 чаша (22ќ30г) чоколада
• 3/4 чаша (170г) слатка павлака
• 1 лажица (18г) пченкарен сируо
Инструкции:
• Загрејте ја рерната на 175°C Подмачкајте го тепсијата со димензии 9″ x 13″, обложете ја со хартија за печење и подмачкајте ја хартијата.
• Брауни: Во среден сад или во тенџере на ниска температура, стопете го путерот, потоа додајте го шеќерот и мешајте додека не се комбинираат.
• Вратете ја смесата на топлина (или микробранова печка) кратко, само додека не стане топла, но не да се зоврие; ќе изгледа сјајна кога ќе ја мешате. Второто загревање ќе го раствори шеќерот, што ќе создаде сјајна кора на површината на брауните.
• Додајте какао, сол, прашок за пециво и ванила и мешајте.
• Изматете ги јајцата и мешајте додека не се соединат; потоа додајте го брашното, чоколадните капки и еспресото, повторно мешајќи додека не стане мазно.
• Излејте ја смесата во подготвената тепсија.
• Печете ги брауните 28 до 30 минути, додека не се вметне тестер за торта или чепкалка во центарот и да излезе чиста.
• Извадете ги брауните од рерната и оставете ги да се изладат 20 минути пред да ги извадите од тепсијата.
• Ослободете ги рабовите; користете шпатула или оквир за да ослободите од долниот дел колку што е можно повеќе, потоа превртете ја тепсијата на друго парче хартија за печење. Отстранете ја хартијата од долниот дел на брауните. Оставете ги да се изладат целосно.
• Со калап исечете ги брауните во форма на срце. (Или користете помал или поголем исечок за повеќе или помалку срца.) Ставете ги срцата на решетка поставена над парче пергамент или восочна хартија.
• Одлучете дали сакате да ги прелете срцата со ганаж или да ги покриете целосно. За преливање ќе направите помалку ганаж, а за покривање поголемо количество.
• За да направите ганаж: Комбинирајте ги чоколадните чипсови, павлаката и пченларнипт сируп во микро-погоден сад. Загрејте ги додека павлаката не стане топла.
• Мешајте додека чоколадните чипсови не се растопат, потоа преливајте ги на срцата од брауни или премачкајте ги целосно.
