


Ако барате совршен, мазен и богат фил за торти, оваа комбинација со ванила пудинг Lora ќе ја однесе вашата торта на следно ниво! Лесен е за подготовка, со неодолив вкус на ванила.
Состојки:
- Lora ванила пудинг
- 400 мл млеко
- 4 лажици шеќер
- 100 г путер (на собна температура)
- 200 мл слатка павлака (изматена)
Подготовка:
- Подготовка на пудингот: Во 100 мл млеко разматете го Lora ванила пудингот(упатството е на амбалажата) и шеќерот. Остатокот од млекото ставете го да зоврие, па додајте ја смесата со пудингот, мешајќи постојано додека не згусне. Оставете го целосно да се излади.
- Додавање путер: Изладениот пудинг изматете го со миксер, постепено додавајќи го омекнатиот путер, додека не добиете кремаста текстура.
- Додавање павлака: На крај, внимателно додајте ја изматената слатка павлака со лажица или миксер на најниска брзина, за да добиете лесен, воздушест фил.
- Користење: Филот е совршен за слоеви во торти, еклери или дури и како крем за десерти во чашка.
Совет: По желба малку ванила екстракт или кора од лимон.
Оваа комбинација со Lora ванила пудинг ќе ја направи секоја неодоливо вкусна!
