Прекрасни колачи кои што не враќаат назад во времето, и потсетуваат на вкусните десерти кои ги приготвувале нашите баби.
Уживајте во овие традиционални колачи, кои што ги обожуваат сите!

Потребно е:
2 јајца
1 шолја маст
1 шолја шеќер
1/2 шолји млеко
1 кесичка прашок за пециво
5 шолји брашно

За фил:
2 големи лажици мармалад од кајсии
Лебни трошки
1 лажица какао
1 шолја шеќер
Рум 1/2 мала лажица
Млеко 1 мала лажица

Прехрамбена црвена боја, 1дл вода, шеќер за декорирање

Подготовка:
Изматете ја маста, додадете шеќер и добро соединете ја смесата. Ставете ги јајцата, млекото, прашокот за пециво и додека го додавате брашното замесете тесто.

Оставете ја смесата 30 минути во ладилник, за да потоа одделите еднакви парчиња со големина на кајсија и малку сплеснете ги. Ставете ги да се печат во рерна на 230° додека не добијат светло кафена боја

Млаки, издлабете ги од долната страна со нож. Направете мали дупки за филување. Филувајте ја секоја дупка со подготвената смеса и спојувајте ги со фил.
Растворете ја прехрамбената боја во вода, и изматете ги праските. Штом се исушат тркалајте ги во шеќерот.

Наздравје,

Ваш Долче

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни. Целосната политика за приватност прочитајте ја тука.