
Вкусно и едноставно решение со многу сушено овошје во него.
Состојки:
5 белки
180 гр шеќер
1 ванилин шеќер
80 мл масло
110 гр брашно
40 гр суви кајсии
40 гр сува брусница
40 гр сушен ананас
40 гр чоколадни капки
30 гр сечкани ореви
Подготовка:
- Белките ги матиме додека да побелат па ги додаваме шеќерите.
- Матиме додека да се згуснат. Ги додаваме маслото и брашното, соединуваме со шпатула.
- Го додаваме насечканото суво овошје, чоколадото и оревите, соединуваме со шпатула.
- Смесата ја распоредуваме во намрсен и набрашнет калап за векна.
- Печеме на температура од 160 степени околу 30 минути.


