НОВО во Dolce!! Готова смеса за трилече!


Смесата во прав и карамел преливот се спакувани во посебни паковки. Подготовката е лесна и во неколку чекори. Карамел преливот е посебно вкусен, па може да се користи и во други рецепти за декорација или премачкување. Доволно е само да го изматите со миксер и добива еднолична мазна структура која лесно се нанесува на мафини, колачи или торти.


Трилечето го бендисавме сите дома. Јас го направив видеото пред да им го послужам и сеуште недоволно впиено со течноста, зошто знаев дека за брзо ќе го снема


Подготовка:

  1. Се матат 6 јајца па се додаваат 130 мл вода и смесата во прав.
  2. Се соединува лесно со миксер и се распоредува во тава со димензии 23х30 см, обложена со хартија за печење.
  3. Се пече на 180 степени 20-25 минути додека да порумени.
  4. Испечениот колач се боцка и се превртува со кората надолу, па се прелева со измешано 1,5 л млеко и 750 мл слатка павлака.
  5. Колачот се остава да ја впие течноста па се премачкува со карамел преливот, кој лесно сме го изматиле.

Presented by: https://www.instagram.com/gotvime.so.teofanija/?igsh=MWtydndnNW9lNzRodw%3D%3D

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни. Целосната политика за приватност прочитајте ја тука.