
Ова е едноставна декорација, а многу ефектна кога ќе ја ставиме на торта. Оризовата хартија е одлична за изработка на разни декоративни додатоци кон тортите.
Потребно е:
- оризова хартија од Dolce Macedonia
- прехрамбена боја во прав од Dolce Macedonia
- ножички
- четки
- вода
Подготовка
Се сече оризовата хартија на 4 дела или на 1/2. Се премачкува со вода и веднаш се распоредува прав во боја по желба. Се става чепкалка, која нежно ја обвиткуване со оризовата хартија, се формира посакуваниот облик и се остава да се суши.
Презентирано од: fb/ig/yt Gotvime so Teofanija






