Есенска Пита од Сладок Компир

Полн погодок за престојниот есенски период, оваа вкусна пита од сладок компир!

Cостојки:
500 гр сладок компир
320 гр готово лиснато тесто
125 гр путер
250 гр шеќер
150 мк млеко
3 јајца
морско оревче
½ лажичка мелен цимет
ванилин шеќер

Чекор 1

Наполнете голема тава со зовриена вода на среден оган. Гответе го целиот, неизлупен сладок компир 30 минути додека не биде многу мек кога ќе го прободете со врвот на остар нож. Добро исцедете го и оставете да се излади 10 минути, а потоа излупете го.

Чекор 2

Загрејте ја рерната на 180C/160C вентилатор/гас. 4. Обложите го готовото лиснато тесто во калап за тарт кој можете да го пронајдете во www.dolce.mk. Обложете со пергамент за печење, па печете 20 минути.

Чекор 3

Истурете ги излупените слатки компири во голема чинија со путер и мешајте додека не се изедначи целосно. Ставете го шеќерот, млекото, јајцата, зачините и ванилата и изматете додека сè не се соедини и изедначи.

Чекор 4

Ставете ја подготвената смеса во калапот со печеното лиснато тесто и печете уште дополнителни 50 минути. Пред да послушите почекајте тортата да се олади целосно.

Наздравје, Ваш Долче!

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни. Целосната политика за приватност прочитајте ја тука.