
300 гр Бисквит
100 гр Несолен путер
600 гр Крем сирење
100 гр Шеќер во прав
450 мл Хопла
75 мл Лимунов Сок
За декорација парчиња лимун како и лимунова рендана кора
Насоки:
Започнете со базата од бисквити. Користете блендер за храна за да ги сомелете бисквитите додека не добијат фина конзистентност на трошки.
Можете да го направите тоа и со рака со ставање на бисквитите во затворена кеса за замрзнување (отстранете го вишокот воздух) и толчетр со сукало.
Растопете го путерот. Измешајте ги бисквитите и путерот заедно. Ставете ја смесата од бисквити на дното на калапот и притиснете ја надолу за да формирате рамномерен слој. Оставете го во фрижидер да почне да се стега додека го правите филот.
За да го направите филот, изматете го крем сирењето и 100 грама шеќер во прав заедно во миксер (или во сад за матење со рачна маталкс). Смесата да добие убава и мазна конзистентност. Додадете го кремот па продолжете со матење додека смесата не почне да се згуснува. Откако кремот ќе почне да се згуснува, додадете 75 мл сок од лимон. Продолжете да матите додека смесата не стане убава и густа
Премачкајте ја смесата преку бисквитната основа. Користете шпатула или лажица за да направите изедначена површина, бидејќи тоа ќе му даде на чизкејкот уреден изглед кога ќе биде готов.
Вратете го плехот во фрижидер да се стегне. Ќе ви требаат минимум 4 до 5 часа, но оставете го преку ноќ ако можете. Кога ќе бидете подготвени да го послужите чизкејкот, извадете го од фрижидер и внимателно извадете го од плехот.
Ставете го во чинија за сервирање декорирајте. Изматете 150 мл павлака и 2 лажици шеќер во прав додека кремот не се згусне. Ставете го во слаткарска кеса и започнете да декорирате. Помеѓу секое цветче ставете парче лимон и наросете го врвот на чизкејкот со кора од лимон. Чизкејкот сега е подготвен за сервирање.
Наздравје!
Ваш, Долче
