Печат колачиња
Празници се ближат! Уживајте во подготовката на празнични колачиња со вашето семејство☃️


Состојки:
1 јајце
125 гр путер
☃️70 гр шеќер
1 лажица шеќер со вкус на лимон и портокал
2 лажици мед
☃️300 гр брашно
1/2 лажичка прашок за пециво
Кора од еден лимон
Подготовка

  1. Јајцето, путерот, медот и шеќерите ги соединуваме со миксер.
  2. Ги додаваме брашното, прашокот за пециво и ренданата кора од лимон.
  3. Соединуваме со миксер па продолжуваме со рака.
  4. Тестото го расукуваме, со модли правиме колачиња со печат и ги печеме на 160-170 степени(зависи од рерната) во загреана рерна многу кратко околу 10 минути, треба да останат бели.
ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни. Целосната политика за приватност прочитајте ја тука.