Утринското кафе, незаменлив дел од денот.

Дали си го пиеме на работното место, дома во омиленото катче, сами или во друштво, секако на повеќето ни е посебен ритуал. Овојпат кафето ќе го пиеме и со колач со вкус на кафе и маскарпоне или крем сирење по ваш избор.

Денот може да започне!

Состојки:

4 јајца

200 гр шеќер

150 гр путер

100 мл млеко

2 лажици нес кафе

30-50 мл врела вода

50 гр какао

350 гр брашно

1 прашок за пециво

За фил

2 јајца

100 гр шеќер

250 гр крем сирење

2 лажици брашно

1 лажичка ванила екстракт

Подготовка:

1. Јајцата и шеќерот ги матиме да го зголемат својот волумен и малку да побелат.

2. Го додаваме ратвореното нескафе, омекнатиот путер, соединуваме па го додаваме млекото.

4. На крај ги додаваме просеаните брашно, какао и пециво. 

5. 2/3 од смесата ја распоредуваме во подмачкана и набрашнета тава 20х30 см и ја ставаме на печење на 160 степени со вентилатор во загреана рерна.

За тоа време го правиме филот.

6. Ги матиме јајцата и шеќерот , па го додаваме маскарпонето. Соединуваме, па додаваме брашно, ванила екстракт. Промешуваме.

7. Колачот го вадиме од рерна кога веќе ни фатил коричка и ја истураме смесата од крем сирење.

8. Врз неа ставаме со лажица од преостанатиот кафеав дел.

9. Го враќаме колачот во рерната да се допече околу 15 минути.

Забелешка

Ако не сакате да ви биде волку висок колачот може да го ставите во поголема тава.

Може да ставите и друго крем сирење освен маскарпоне. 

Recipe by: Gotvime So Teofanija

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни. Целосната политика за приватност прочитајте ја тука.