
Торта “Carrot Cake”
Состојки:
3 јајца
125 гр. кафеав шеќер
300 гр. брашно
5 големи моркови ситно рендани
200 гр. сецкани ореви
1 супена лажица цимет
1 кесичка прашок за печење
½ лажица сода бикарбона
Сок од еден цеден портокал
Крем:
500 гр. маскарпоне или крем сирење
50 гр. шеќер во прав
Лажичка сок од еден цеден портокал
ПОДГОТОВКА:
Убаво изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете го брашното предходно просеано.
Потоа додадете ги и останатите состојки и во модла за торта ставете хартија за печење, додека страните се премачкуваат со путер. Ставете ја тортата и печете на 170° 30 минути. Оладена, прелијте ја тортата со сок од портокал.
За подготовка на кремот соединете ги состојките со минимално матење и филувајте ја тортата во средина како и од страните.
Наздравје, Ваш Dolce
