
Во светот на слатките, боите не се само украс, тие се магија во што дава целина на вашите креации. Но, дали некогаш сте се запрашале која боја е најдобра за одреден тип на десерт? Гел? Течна? Или прав? Еве еден водич што ќе ви помогне да донесете вистинска одлука во зависност од вашата техника и рецептот.
1. ТЕЧНА БОЈА (Liquid Food Coloring)
Најдобра за:
– Обични колачи и торти (како што се класичните кекси)
– Промена на боја на вода или лесни пијалоци
– Боење шеќерен сируп или желе
Не е идеална за:
– Кралска глазура (royal icing)
– Крем на масна основа
– Тесто каде точната текстура е критична
Зошто?
Течната боја додава влага, што може да ја смени текстурата на смесата, особено кај чувствителни рецепти.
2. ГЕЛ БОЈА (Gel Food Coloring)
Најдобра за:
– Кралска глазура
– Путер крем (buttercream)
– Фондан
– Состојки што не смеат да се разредат
Не е идеална за:
– Боење многу течни смеси (поради густината)
Зошто?
Гел боите се концентрирани и даваат интензивна боја со минимално количество. Совршени се за декорација, добивате силна боја без да го расипете односот на состојки.
3. ПРАВ БОЈА (Powdered Food Coloring)
Најдобра за:
– Чоколадо (не додава течност)
– Суви смеси
– Премази и декорации каде бојата се користи во прав
– Боење надворешна површина со четка (како „dusting“ техника)
Не е идеална за:
– Директно мешање во влажни смеси, ако не се раствори претходно
Зошто?
Боите во прав бои се суптилни, но моќни. Се користат многу во професионалната декорација – посебно за колачи и фигури каде се бара „сенчење“.
4. МАСЛЕНА БОЈА (Oil-Based Food Coloring)
Најдобра за:
– Топено чоколадо (бело, млечно, темно)
– Чоколадни глазури и облици
– Масни смеси (како какао путер)
Не е за:
– Водени или матични смеси
– Рецепти со водена база
Зошто?
Маслените бои се специјално формулирани да не предизвикаат „сечење“ или згрутчување кога се додаваат во топено чоколадо. Ако користите гел или течна боја во чоколадо, можете да добиете грутки или да се расипе текстурата. Маслената боја се меша совршено со какао путерот во чоколадото и овозможува рамномерна боја.
Совет од Dolce: Како да изберете?
Royal icing- Гел
Buttercream-Гел
Тесто за колачи-Течна или гел
Фондан-Гел или прав
Чоколадо- маслена боја
Прскање со четка-Прав
Мали трикови:
• Секогаш започнете со малку боја и постепено додавајте особено гелот!
• Комбинирајте гел и прав за уникатен 3D ефект на декорации.
• За пастелни тонови користете бела боја како база.


